И ТРИМЕСЕЧНО БЕБЕ МЕЃУ НОВИТЕ СЕДУМ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО БИТОЛА

    И ТРИМЕСЕЧНО БЕБЕ МЕЃУ НОВИТЕ СЕДУМ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО БИТОЛАОд Центарот за јавно здравје во Битола соопштија дека новите седум позитивни случаи на коронавирус кои се евидентирани во денешниот здравствен билтен, се на возраст од 3 месеци до 73 години. (Фото: СДК.МК)

    Најмалиот заболен од ковид-19 во Битола е тримесечно бебе. Од Центарот за јавно здравје во Битола соопштија дека новите седум позитивни случаи на коронавирус кои се евидентирани во денешниот здравствен билтен, се на возраст од 3 месеци до 73 години.

    „Две лица даваат податок за контакт со позитивно лице, две лица се детектирани при скрининг при влез во клиника во Скопје, истите се асимптоматски за ковид-19, а три лица не даваат податок за контакт со позитивно лице“, стои во соопштението на Центарот за јавни здравје од Битола.

    Денес во Битола има пет оздравени лица. Од 194 лица од почетокот на пандемијата до денес, во оваа општина активни има уште 54 случаи.

    Од 1.414 тестирања во земјава во изминативе 24 часа регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19, а починат е 63-годишен пациент од Дебар. Покрај Скопје со 53 случаи, двоцифрен број на позитивни лица има во Куманово 19 и во Гостивар 10.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира