ИАКО ДУЌАНИТЕ СЕ ЗАТВОРААТ, КИРИЈАТА И НАТАМУ Е НАД 4.000 ЕВРА МЕСЕЧНО НА ШИРОК СОКАК ВО БИТОЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИАКО ДУЌАНИТЕ СЕ ЗАТВОРААТ, КИРИЈАТА И НАТАМУ Е НАД 4.000 ЕВРА МЕСЕЧНО НА ШИРОК СОКАК ВО БИТОЛА

    На „Биди виден штрасе“ ,како што народски се нарекува Широк Сокак во Битола, дури ни катанците кои сѐ почесто се ставаат на дуќаните не ги намалија астрономските кирии.  Нема месечна наемнина за дуќан под 2.000 евра, а највисоката се движи до 5.000 евра, како  да се работи за локали на  познатите улици во Минхен или на париската Шанзелизе.

    На годишно ниво тоа би значело 24.000 до 60.000 евра за дуќан на оваа амбиентална битолска улица  каде има  најголема фрекфенција на движење.  Во последниве два месеци на Широк Сокак се затворија десетина дуќани, но тоа ни за евро не го намали месечниот закуп за дуќаните кои се плаќаат во странска валута.  Цената на кириите е 11 пати повисока од просечната и 26 пати од најниската плата во земјава.

    На Широк Сокак во Битола нема месечна наемнина за дуќан под 2.000 евра, а највисоката е до 5.000 евра (Фото: СДК.МК)

    На Широк Сокак во Битола нема месечна наемнина за дуќан под 2.000 евра, а највисоката е до 5.000 евра (Фото: СДК.МК)

    „Спротивно на затворањето на дел од дуќаните на Широк Сокак, секоја година имаме ново изненадување со наемината. Цените растат и немаат никаква економска опраданост.  Тие не се во согласност со заработувачката. Ако имаше побарувачка, ќе опстоеја отворени сите дуќани на Широк Сокак“, вели Сребре Нечовски, сопственик на локалот „Конект“.

    Во изминатите неколку недели на Широк Сокак се затворија три дуќани за продажба на брендирана облека, продавници за брза храна и други прозиводи. Наспроти ова ќе се отвори уште едно казино, со што ќе бидат три на оваа улица.

    На други дуќани кои се испразниле пишува дека се реновираарт, но многумина се сомневаат дека се работи за камуфлажа. За да не пишува дека бараат нов сопственик и со тоа да паѓа цената, се ставаат натписи дека дуќаните се реновираат.

    За да не пишува дека бараат нов сопственик и со тоа да паѓа цената, се ставаат натписи дека дуќаните се реновираат (Фото: СДК.МК)

    За да не пишува дека бараат нов сопственик и со тоа да паѓа цената, се ставаат натписи дека дуќаните се реновираат (Фото: СДК.МК)

    Дел од сопствениците на објекти на Широк Сокак одамна се иселиле во Белград, Софија и во други метрополи. Но, дуќаните ги зачувале како златни кокошки.  Дел од кираџиите се жалат дека потрошувачката е намалена поради сиромаштијата на битолчани, а улицата се празни и со иселувањето.  Нема официјална статистика колку граѓани заминаа во  странство, но неофицијално се споменува дека  од 74.000 жители во градот останаа под 60.000.

    „Сепак, и во вакви услови наеманините се високи. На пример, еден локал плаќа наем од 3.500 евра, 4.100 евра продавница за чевли, 4.500 евра плаќаше голем бутик со гардероба на два ката кој го затвори бизнисот. Наспроти овие цени, дуќаните кои се сизовски (државни)се издаваат од 5 до 7  евра за квадратен метар или 550 евра месечно“, вели Томе Трампевски, сопственик на локал.

    Широк Сокак како да е башка држава во споредба со битолската чаршија. Иако двете локации се оддалечени стотина метри, сепак таму наемнината за дуќаните е десет пати пониска. Во битолската чаршија за сто кавдарти дуќан наемнината изнесува од 300 до 500 евра или во просек по пет евра од квадрат.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира