ИАКО ОПАЃА БРОЈОТ НА МАТУРАНТИ, ИМА ЗА 10 ОТСТО ПОВЕЌЕ БРУЦОШИ НА БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ, РЕЧЕ РЕКТОРОТ НЕДЕЛКОВСКИ

    ИАКО ОПАЃА БРОЈОТ НА МАТУРАНТИ, ИМА ЗА 10 ОТСТО ПОВЕЌЕ БРУЦОШИ НА БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ, РЕЧЕ РЕКТОРОТ НЕДЕЛКОВСКИПоради големиот интерес имаме и четврт вонреден уписен рок, рече ректорот Неделковски. (Фото: УКЛО)

    „За една година бројот на запишани бруцоши на Универзитетот ‘Свети Климент Охридски’ (УКЛО)  во Битола е зголемен за 10 отсто, а во последните три години можно е да се искачи дури на 25 отсто“, соопшти на првиот академски час ректорот професор д-р Игор Неделковски.

    „Го споделувам задоволството дека веќе 3 година со ред имаме зголемен број студенти во прв циклус доДипломски студии, во услови кога константно се намалува бројот на матурати. Годинава имавме првпат во Македонија помалку од 15.000 матуранти, а ние успеавме да го зголемиме бројот на бруцоши за околу 10 проценти, можеби ќе биде и поголем. Поради големиот интерес имаме и четврт вонреден уписен рок“, рече Неделковски.

    Запишани се близу 1.300 студенти, а точни податоци УКЛО ќе обрави по четвртиот уписен рок.

    „На Правниот факултет годинава има најголем раст на бруцоши, а и натаму најголем број студенти запишува Факултетот за безбедност во Скопје, кој е дел од УКЛО и е единствен од таков вид во цела држава. Голем е интересот и за Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Диминира интересот за општествените науки, а оваа година има и сериоозен пораст на Техничкиот факултет кај инженерските струки“, рече Неделковски.

    „Свети Климент Охридски“ е вториот државен универзитет во Македонија со традиција од 47 години и опфаќа 12 високообразовани единици.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира