ИГОР НЕДЕЛКОВСКИ Е НОВ РЕКТОР НА БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

    ИГОР НЕДЕЛКОВСКИ Е НОВ РЕКТОР НА БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТНеделковски е редовен професор на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, како и проректор за наука на Битолскиот универзитет. (Фото: СДК.МК)

    Професор д-р Игор Неделковски е новиот ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, според првичните неофицијални податоци од изборите кои се одржаа денес во универзитетските единици. Од 270 гласови Неделковски освои убедливо најмногу, 157, со што изби на првото место од петтемина кандидати.

    Од трети до шести јуни течат роковите за евентуални приговори, а на седми ќе биде објавен конечниот извештај со конечните резултати.

    Неделковски е редовен професор на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, како и проректор за наука на Битолскиот универзитет. На новата функиција ќе стапи од први октомври на местото досегашниот ректор Сашо Коруновски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира