ИМОТОТ ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА НА СТЕЧАЈНАТА „ПОВАРДАРИЕ“ ОД НЕГОТИНО ЌЕ СЕ ПРОДАВА НА ЕЛЕКТРОНСКА АУКЦИЈА, ОДЛУЧИ СОБРАНИЕТО НА ДОВЕРИТЕЛИ

    ИМОТОТ ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА НА СТЕЧАЈНАТА „ПОВАРДАРИЕ“ ОД НЕГОТИНО ЌЕ СЕ ПРОДАВА НА ЕЛЕКТРОНСКА АУКЦИЈА, ОДЛУЧИ СОБРАНИЕТО НА ДОВЕРИТЕЛИОдлуката во Судот во Велес е донесена откако беше отфрлен планот за реорганизација на „Повардарие“ на „Руп транс“ од Петрич Бугарија. (Фото: СДК.МК)

    Имотот на АД „Повардарие“ од Неготино која е  во стечај ќе се продава, одлучија доверителите на собранието кое се одржа во Основен суд Велес. Имотот на „Повардарие“,  ќе се продава по пат на електронско продажба, во пакети,  за кои  што дополнително ќе одлучат доверителите. Стечајниот управник Зоран Денкоски, по извршениот увид  во финансиската состојба на „Повардарие“ кажа дека стечајниот должник е презадолжен со долг од повеќе од 11 милиони евра, а располага со имот од 6 милиони евра.

    Ова доаѓа откако иницијативата за  планот за реорганизација на „Руп транс“ од Петрич Бугарија беше отфрлен.

    „Планот за реорганизација нема легитимација, нема потпис, нема печат. Зад ‘Руп транс’ стои само едно лице, Стопанска Банка АД Битола, за кое се сомневам дека може да одговори на побарувањата.  Во него нема решение за развлачните доверители кои вообичаено досега во стечајна постапка се намируваа со 100 отсто“, кажа еден од доверителите на Собранието.

    Со планот за реорганизација се предвидуваше во рок од 120 дена останатите доверители да бидат намирени со 50 отсто од побарувањата.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира