ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ВО ШТИП ЌЕ СЕ ГРАДИ СО ЕВРОПСКИ ПАРИ ОД ИПА ПРОГРАМАТА

    ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ВО ШТИП ЌЕ СЕ ГРАДИ СО ЕВРОПСКИ ПАРИ ОД ИПА ПРОГРАМАТАИнфективната клиника во Штип, според досегашната пракса, повеќе има пациенти од другите градови во Источна Македонија отколку од градот. (Фото: СДК.МК)

    Инфективната клиника во Штип, која е руинирана, а е централна установа од овој вид каде се лекуваат пациенти од целата источна Македонија, ќе се гради со европски пари од ИПА програмата.

    Инфективното одделение во Штип нема да биде во објектот на новата Клиничка болница што се гради. Со оглед на тоа што е руинирано, а е од посебна важност за пациентите од цела Источна Македонија, веќе е изготвен квалитетен проект кој ќе биде сигурен добитник на средства од ЕУ од програмата за меѓугранична соработка со Бугарија“, вели раководителот на Центарот за развој на ИПР Драгица Здравева.

    Од ИПА програмата на Европската унија за меѓугранична соработка веќе се издвоени 20 милиони евра за развој на Општините од пограничниот појас меѓу Македонија и Бугарија. Источно-планскиот регион веќе е во фаза на финален проект за комплетна реконструкција на Инфективното одделение.

    Во првата фаза, од овие 20 милиони евра, 10 милиони веќе биле потрошени за изградба на Мултимедијален центар во Штип, за Еко и за климатски фасади на станбените објекти во Кочани и за повеќе други проекти во соседните градови. Во втората фаза секоја општина можела да аплицира со проект за средства од овој фонд. Во интерес на целиот регион, Општина Штип веќе биле подготвена за комплетна санација на зградата на инфективниот стационар кој според досегашната пракса повеќе имал пациенти од другите градови во Источна Македонија отколку од градот.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира