ИНСТАЛАЦИЈА СО МОВ ЌЕ ГО ПРОЧИСТУВА ВОЗДУХОТ ВО ТЕТОВО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИНСТАЛАЦИЈА СО МОВ ЌЕ ГО ПРОЧИСТУВА ВОЗДУХОТ ВО ТЕТОВО

    Против енормното загадување на воздухот, Тетово ќе се бори со билборди обложени со мов наречени „Градско дрво“. Оваа иновативна технологија за прочистување на загадениот градски воздух доаѓа од Германија, а во Македонија ќе бидат поставени два вакви објекти, еден во Скопје а другиот во Тетово.

    „Климатските промени се прашање кое нé засега сите нас па затоа нашето министерство за надворешни работи проблемот со климата го става на врвот на приоритетите. Ние преку министерството даваме и конкретен придонес во вашата земја со инсталирање на “City Tree” во Тетово и Скопје со кои ќе се добие почист воздух“, посочи амбасадорката на Германија во Македонија Кристине Алтхаузер.

    Тетово поселедниве неколку години изби на самиот врв, не само во Македонија, туку и во светски рамки по енормното загадување на воздухот. Локалната општинска власт вели дека превзема мерки за намалување на загаденоста, но тоа граѓаните воопшто не го чувствуваат. Така и ова решение со поставување на еден „Градско дрво” билборд секако не може да го реши проблемот. Станува збор за вертикална структура исполнета со мов, со висина од 4 метри и ширина од 3 метри. Од германската фирма чиј пронајдок е, велат дека комбинацијата од специфични култури на мов кои се наоѓаат во „Градско дрво ” ја „јадат“ ситната прашина, азотните оксиди и озонот и имат способност да неутрализираат 240 тони јаглен диоксид годишно односно да компензираат загадување од 417 автомобили.

    Амбасадорката на Германија во Македонија Кристине Алтхаузер и тетовската градоначалничка Теута Арифи на пуштањето во употреба на инсталацијата.

    Амбасадорката на Германија во Македонија Кристине Алтхаузер и тетовската градоначалничка Теута Арифи на пуштањето во употреба на инсталацијата.

    Градоначалничката Теута Арифи верува дека инсталацијата „Градско дрво” ќе помогне не само во прочистувањето на воздухот туку и преку креирање на свест во јавноста околу ризиците што ги носи аеро загадувањето. Таа како главен причинител за енормната загаденост на воздухот го посочи металуршкиот комбинат „Југохром“ од Јегуновце и побара тој да се затвори ако во дадениот временски рок не ги постави бараните филтри.

    „Општина Тетово ќе продолжи да ги поддржува ваквите проекти кои преставуваат конкретен чекор против загадувањето.   Тетово и полошкиот регион се под закана од загадувањето на воздухот кое доаѓа од „Југохром“ и затоа треба што побрзо да се најде решение за овој проблем. Затоа доколку не се исполнат условите и не се постават заштитни филтри на загадувачот „Југохром“ до крај на март 2017 година,овој индусттриски капацитет да престане со работа“ изјави градоначалничката Теута Арифи.

    Инсталацијата “Градско дрво” ќе биде поставена во центарот на градот а цената на еден ваков објект за прочистување на воздухот изнесува околу 25.000 евра. „Градско дрво” е донација од Германија преку невладината „Еко-свест“а потпомогната со парични средства од неколку фирми од Македонија.

    Со оглед на тоа дека низ улиците на Тетово секојдневно се движат неколку илјади автотмобили, дека голем број мали и средни претпријатија сеуште целосно не ги исполните еколошките норми и со оглед на тоа дека затоплувањето на домовите во голема мера се врши со дрва и не ретко со горење иверици и друг отпаден материјал, на градот ќе му биде потребно не едно „Градско дрво“ туку цела шума од вакви прочистувачи на воздухот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира