ИСЧЕЗНА ЖЕНА ВО ПОЖАР ВО ЧЕЛОПЕК ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ

    ИСЧЕЗНА ЖЕНА ВО ПОЖАР ВО ЧЕЛОПЕК ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕВо Општина Старо Нагоричане денеска беснееше голем пожар и во селото Дренак, каде биле зафатени 14 куќи и училишна зграда. Вчера беше локализиран пожарот во Кокино. (архивска фотографија)

    Жена од селото Челопек се води за исчезната откако попладнево куќата во која живеела е зафатена со пожар. Мештаните се сомневаат дека таа настрадала откако побегнала во куќата кога се појавил пожарот, но никој официјално не ја потврдува информацијата.

    Градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска, вели дека огнот во опожарената куќа сè уште тлее и екипите нема пристап до неа за да изврши увид, а и струјата е исклучена. Таа не може да потврди дали жената останала внатре или се сокрила на друго место.

    Куќата во која живее семејството се наоѓа на почетокот на селото. Двајцата старци живееле во вонбрачна заедница, жената била од Србија.

    Во големиот пожар што го зафати Челопек, изгореле две куќи и поголема површина на нискостеблеста шума, а пожарот е ставен под контрола. На терен се распоредени дежурни екипи на противпожарната единица и војската за да не дојде до разгорување на пожар.

    Во Општина Старо Нагоричане денеска беснееше голем пожар и во селото Дренак, каде биле зафатени 14 куќи и училишна зграда. Вчера беше локализиран пожарот во Кокино.

    Од МВР велат дека едно лице е осомничено и за пожарот во Старо Нагоричане и полициските службеници веќе постапуваат во координација со Јавен обвинител.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира