ИСКАСАПЕНИ ДРВЈА КАЈ МУЗИЧКОТО УЧИЛИШТЕ ВО ОХРИД, НАДЛЕЖНИТЕ ВЕЛАТ БИЛЕ СКАПАНИ И ОПАСНИ

    ИСКАСАПЕНИ ДРВЈА КАЈ МУЗИЧКОТО УЧИЛИШТЕ ВО ОХРИД, НАДЛЕЖНИТЕ ВЕЛАТ БИЛЕ СКАПАНИ И ОПАСНИВо кругот на училиштето исечени се три стари дрвја (Фото: СДК.МК)

    Во дворот и околу основното музичко училиште „Методи Патче” во Охрид денеска се исечени повеќе дрвја, што предизвика вознемиреност кај екологистите и охриѓани кои тука поминуваа.

    Од надлежните во локалната самоуправа велат дека сѐ било легално и оти не станува збор за самоволно отстранување на повеќегодишни дрвја.

    „Во кругот на училиштето исечени се три стари дрвја чии стебла биле скапани и можеле секој момент да паднат. Поради тоа се пристапило кон нивно сечење. На уште неколку дрвја скастрени им се гранките, но не се исечени. Сметаме дека не е нарушена екологијата на овој дел од Охрид”, рекоа од Комисијата за преземање мерки и активности за отстранување на опасни дрвја на територијата на Општина Охрид.

    Овој дел на Охрид покрај булеварот Туристичка е речиси единствената зелена оаза, бидејќи целиот булевар е бетонизиран.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира