ИСКЛУЧЕНИТЕ ОД ПАРНО НЕМА ДА ПЛАЌААТ ПАУШАЛ СЛЕДНАТА ГОДИНА, СООПШТИ ВЛАДАТА

    ИСКЛУЧЕНИТЕ ОД ПАРНО НЕМА ДА ПЛАЌААТ ПАУШАЛ СЛЕДНАТА ГОДИНА, СООПШТИ ВЛАДАТАСпоред Владата, проблемот со кој се соочуваат граѓаните е предвидено да се реши во рамките на новиот предлог Закон за енергетика. (Фото: СДК.МК)

    Домаќинствата кои се исклучени од централното греење во Скопје во наредната 2018 година ќе бидат ослободени од плаќање на паушалот кој во моментов го плаќаат, соопштија од Владата.

    Според Владата, проблемот со кој се соочуваат граѓаните е предвидено да се реши во рамките на новиот предлог Закон за енергетика, кој треба да биде воведен следната година.

    „Во подзаконските акти на Законот за енергетика кој ќе се воведе во текот на 2018 година се предвидени специфични решенија со кои во рамките на законската регулатива ќе се реши оваа наследена ситуација“, велат од Владата.

    Завчера, Уставниот суд ја отфрли иницијативата поднесена од Здружението за заштита на човекови права „Но пасаран“ и пресуди дека граѓаните кои не користат парно и во иднина ќе мора да плаќаат паушален износ.

    Во Македонија, речиси 12.000 домаќинства се исклучени од системот за снабдување со топлинска енергија, но и тие мора да плаќаат паушелен износ, во зависност од површината на станот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира