Искршени се клупите не кејот на Вардар кај Градски парк во Скопје. Утрово граѓани испратија фотографии до нашата редакција од искршените клупи, кои потоа се фрлени во реката.
„Клупите поставени на пешачката патека се откорнати и фрлени во Вардар. Пријавивме во ЈП ‘Паркови и зеленило’, кое е надлежно за одржување на опремата“, велат граѓани кои утрово ја забележале уништената опрема.
Клупите кои се искршени беа поставени долж кејот пред неколку месеци.
Град Скопје во мај лани склучи договор со фирмата „Лапласт“ за одржување на урбаната опрема низ градот. Договорот во вредност од 50.000 евра, кој е објавен на страната на Бирото за јавни набавки, вклучува замена на оштетените клупи и поставување нови.