ИСТОРИЧАРИ ОД РУСИЈА, БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈА УЧЕСТВУВААТ НА ПРВАТА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА „МАКЕДОНИЈА – КРСТОПАТ НА ЕПОХИ, ЦИВИЛИЗАЦИИ И КУЛТУРИ“ ВО ШТИП

    ИСТОРИЧАРИ ОД РУСИЈА, БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈА УЧЕСТВУВААТ НА ПРВАТА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА „МАКЕДОНИЈА – КРСТОПАТ НА ЕПОХИ, ЦИВИЛИЗАЦИИ И КУЛТУРИ“ ВО ШТИПСо трудови учествуваат 36 историчари и арехеолози од Русија, Бугарија и Македонија. (Фото: СДК.МК)

    Институтот за историја и археологија при Факултетот за образовни науки во Штип, по повод десетгодишнината од постоењето ја организира Првата научна конференција на тема „Македонија – крстопат на епохи, цивилизации и култури“. Со трудови учествуваат 36 историчари и арехеолози од Русија, Бугарија и Македонија.

    Трајче Нацев, од штипскиот Институт за историја и археологија кој е и модератор на научната конференција, вели дека досега имало повеќе научно-археолошки истражувачки проекти од овој дел на Македонија, посебно по долината на реката Брегалница каде има наоди дури од пајонско време, а палеолитски наоди се откриени и со истражувањата во околината на Општина Конче.
    Прашан во врска со идентитетските аспекти на Македонците од научен и археолошки момент во време кога се негираат и идентитети и цели народи, Нацев, рече:

    „Сите истражувања и сите откриени артефакти го потврдуваат културниот идентитет на Македонците. Затоа, ние не треба стриктно да се врзуваме за перидот на античка Македонија, бидејќи нашата култура и културното време на автохтоното население на овие простори кое живеело и живее на овие простори не потекнуваат од античкиот период кој започнува од шестиот век, туку според големиот број археолошки локалитети и наоди кај нас потекнуваат многу порано, почнувајќи од железното време врз основа на пронајдените предмети, па вториот век, па се до крајот на античкиот период и потоа“.

    Според Нацев, научната конференција работи во групи, едната која го третира периодот на антиката и средниот век во три сесии, а другата група е задолжена за сесиите за историјата од поновиот период.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира