ИЗГОРЕ ХАНГАР СО ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО БИТОЛА, ПОЖАРОТ ПОЧНАЛ ОД КАМИОН ПАРКИРАН ДО ОБЈЕКТОТ

    ИЗГОРЕ ХАНГАР СО ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО БИТОЛА, ПОЖАРОТ ПОЧНАЛ ОД КАМИОН ПАРКИРАН ДО ОБЈЕКТОТВо пожарот изгореа панели за градба и други материјали и има голема материјална штета. (Фото: СДК.МК)

    Голем пожар зафати хангар со градежни материјали на Индустрискиот пат во Битола. Освен што е причинета голема материјална штета, нема повредени. Во пожарот изгореа панели за градба и други материјали, поради што причинета е голема материјална штета на реномирана градежна компанија од Битола која подолго време се занимава со производство на монтажни објекти.

    Очевидци кажуваат дека прво се слушнала експлозија, пожарот почнал од камион паркиран до хангарот, а потоа се проширил и на објектот.

    „Интервениравме со три возила кои седум до осум пати се полнеа со вода од хидранти, а во гаснењето учествуваа и 15 пожарникари. Пожарот е ставен под контрола“, изјави началникот на Битолската противпожана единица Горан Димкоски.

    Пожарникарите остануваат на терен за да се држи ситуацијата под контрола, зашто во близина има и други компании, пилана за дрва и автобуси со масло, што во случај на проширување на огнот би предизвикало вистинска катастрофа. Од Pожарната смируваат дека место за паника нема и дека пожарот е ставен под контрола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира