„ИЗВАДИВ ДВА БУГАРСКИ ПАСОШИ, МОРАМ ДА ЗАМИНАМ“, ПРЕМИЕРА ВО  БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    „ИЗВАДИВ ДВА БУГАРСКИ ПАСОШИ, МОРАМ ДА ЗАМИНАМ“, ПРЕМИЕРА ВО  БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР

     

    Доктор Фауст на македонско тло e опис за новата премиера на Народниот театар од Битола „Доктор Фауст“, по текст на Кристофер Марлоу и во режија на Андраш Урбан од Србија. Претставата ги прикажува луѓето кои ја продале душата на Ѓаволот за да добијат поголема власт и сласт на земниот живот. Претпремиерно беше изведена вчера, а вечерва е премиерата. Се очекува претставата да дигне голема прашина поради контраверзноста, експлицитно голите сцени и една од најсмелите теми поставени во Битолскиот театар во последните години.

    Претставата започнува на глобално ниво и ги покажува гревови на папата и поглаварот на православаната црква, со кои си поигрува Ѓаволот, па се бакнуваат, а потоа имаат и секс со Дева Марија. Ѓаволот им ја заробил душата на верниците, па тие ставаат кондом на крстот и го цицаат. Потоа на сцена излегува политички кор, кој од подземните сводови го повикува Александар Македонски  пеејќи ја македонската химна.

    „Почитувани преставници на политичкиот кор, сега е моментот кога треба да земеме ДНК од Александровиот ген и да формираме нов етнички чист поредок“, велат актерите на сцена. Но, наместо крв одлучуваат сперма да му земат.  Притоа се слуша репликата „Радувај се Македонијо, малку сме на број, но силни сме во бој.“

    Некои ја продаваат душата заради љубовни задоволства, па дури ја оживуваат и личната Елена од Троја, а други пак за кражба и велат „јас да бидам Фауст, па за твоја љубов место Троја, Европа ќе ја пљачкосам“. Трети живеат во омраза и љубомора, проколнати со сабји и мечеви спремни за убивање меѓу себе. Грешниците се фрлени во пеколот и осудени на вечни маки, а спас нема.

    Вртејќи се во круг, актерите во полубунило , но со силен револт почнуваат да ги кажуваат маките на македонскиот народ.

    „Јас сум горд Македонец , вработен сум во државна администрација , обврзан сум на хипотекарен кредит од 26.600 евра со поволна каматна стапка и рок на отплата од 20 години. Кога ќе го доплатам ќе имам 58 години. За кого? За Македонија“, извикува актерот Иван Јерчиќ.

    По тоа се слушна познатата изрека од спортот „Леле луѓе, што направивме!“

    Други актери извикуваа „гинеме на сцената за да ги прехраниме нашите семејства, извадив само два бугарски пасоши, морав да заминам, јас немам потпора тука “. Во исто време леб леташе на сите страни, актерите го парчосуваа, јадеа, триеја, газеа, џвакаа евра.  Во позадина пак, актерката Соња Ошавкова на микрофон кажуваше што е живот.

    „Животот е  лага, пекол, миграција, социјална правда, загадување, темна моќ, казна , смрт, профит …“, за на крај да се размафтаат со македонски знамиња и да се каже дека „животот е Македонија“.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари