ЈА ПОЧИТУВАМ ОДЛУКАТА НА ШЕКЕРИНСКА ДА НЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ЗАМЕНИК-ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ И ЗНАМ ДЕКА ЌЕ ПРОДОЛЖАМ ДА СОРАБОТУВАМ СО НЕА, ТАА Е МОЈА ДРУГАРКА, РЕЧЕ ЗАЕВ

    ЈА ПОЧИТУВАМ ОДЛУКАТА НА ШЕКЕРИНСКА ДА НЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ЗАМЕНИК-ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ И ЗНАМ ДЕКА ЌЕ ПРОДОЛЖАМ ДА СОРАБОТУВАМ СО НЕА, ТАА Е МОЈА ДРУГАРКА, РЕЧЕ ЗАЕВПремиерот Зоран Заев денес беше во тетовското село Теново на пуштањето во употреба на втората фотоволтаична централа. (Фото З. Андонов)

    „Јас заедно со Радмила Шекеринска во 2013 година предзедовме одговорност во СДСМ, јас како претседател, таа како заменик-претседател, да го водиме СДСМ во едно многу тешко време. Одлуката јас ја почитувам но, само ќе кажам дека Радмила Шеќеринска е една од најзаслужните за нашето членство во НАТО, за кандидатскиот статус во ЕУ и за донесени многу важни процеси во државата. Знам дека ќе продолжам да соработувам со неа, таа е мој другар или другарка, без разлика каде таа ќе се најде во иднина во СДСМ или во општеството“, изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за најавата на Радмила Шекеринска дека на престојниот конгрес на 16 мај нема да се кандидира за заменик-претседателка на СДСМ.

    За шпекулациите дека оваа нејзина одлука има врска со нејзиното наводно одбивање да биде амбасадор во Вашингтон и дека тоа значело нејзино дистанцирање од Заев, тој изјави:

    „Дали се дистанцира од мене ќе ја прашате Шекеринска. Јас го кажав моето мислење за Радмила. Таа е мојот прв соработник, заменик-претседател на СДСМ. За амбасадорското место реално немаме разговарано, таа сега е министер за одбрана и би било невнимание да се разговара за такви позиции. Некој долгото држење на празното место во Вашингтон го поврзува со оваа работа. Ние имаме уште многу што заедно да работиме во животот. Јас и Радмила и огромен дел од членството се договоривме да го возобновиме раководството, тоа му го должиме на нашиот народ и на социјалдемократите и да дадеме понекогаш шанса на нови луѓе“, одговори Заев на новинарско прашање во тетовското село Теново на пуштањето во употреба на втората фотоволтаична централа.

    З. АНДОНОВ 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира