ЈАБОЛКАТА ОШТЕТЕНИ ОД ЛАНСКИОТ ГРАД СЕ КАКО ЛАМПИОНИ НА ОВОШТАРНИЦИТЕ ВО ПРЕСПА

    ЈАБОЛКАТА ОШТЕТЕНИ ОД ЛАНСКИОТ ГРАД СЕ КАКО ЛАМПИОНИ НА ОВОШТАРНИЦИТЕ ВО ПРЕСПАШтетите кај овошките од ланското невреме во Преспа ќе се чувствуваат до три години. (Фото: СДК.МК)

    На дрвјата во Преспа не им требаат лампиони. Како ретко кога за Новогодишните празници, останаа накитени со јаболкцата што лани во јули ги оштетни градот, па не се обраа.

    На 10 јули лани, Долна Преспа ја зафати големо невреме слично на торнадо, жителите раскажуваат дека ветерот дувал со брзина од 170 километри на час, а наврнал град од 50 литри на метар квадратен. Откорнати покриви, урнати бандери, уништени овоштарници, испаѓани јаболка, оштетени листови, гранки и стебла. Штетите кај овошките ќе се чувствуваат до три години.

    О јулското невреме за третина се намали родот на преспанското јаболко. (Фото: СДК.МК) 

    Поради невремето за една третина беше намален родот на јаболката – наместо 150.000 тони јаболка, Преспа годинава даде од 100.000 тони.

    Јаболката не им донесоа бериќет на газдите, но оставени на гранките барем ги разубавија овоштарниците за Нова година. Онака малечки и жарко црвени, зашто сонцето ги печеше со месеци, наликуваат на украси. Сликата колку што е поразителна, толку е и убава.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира