Во текот на една грејна сезона јавните државни и локални установи во Битола трошат 750 тони нафта, вели Љупчо Стојановски, магистер по инженерство на животна средина. Тој работеше во првиот Републички инспекторат за животна средина, а во својство на стручно лице на општинската Комисија за животна средина ѝпредлагаше мерки како да се намали аерозагадувањето во Битола.
„Мерното место Битола 2 врши мерење на испуштени загадувачки материи во центраот на градот, каде има повеќе јавните установи. Општината е голем потрошувач на нафта, годишно троши околу 60 тони нафта за греење заедно со Економското училиште. Од претпријатието ‘Стрежево’ до Гимназијата ‘Јосип Броз- Тито’ во грејна сезона институциите распоредени во овој дел од градот користат околу 160 тони нафта. Тие се најголем емитер на јаглеродни оксиди. Годишната потрошувачка на нафта во градот е околу 750 тони од страна на јавните установи – градинки, училишта и други институции. Емитувањето на јаглероден моноксид е околу 5.000 тони за време на грејна сезона“, рече Стојановски.

Емитувањето на јаглероден моноксид е околу 5.000 тони за време на грејна сезона“, рече Стојановски на седницата на на општинската Комисија за животна средина. (Фото: принтскрин од видео)
Тој предложи кога има зголемено загадување на воздухот во Битола, Општината и институциите кои се под нејзина надлежност да го скратат работното време за да се намали греењето, како и да се разеленат јавните површини, односно да се засади уште повеќе урбано зеленило.
Според официјалниот регистар за начини на греење на јавните државни и локални институции подготвен од Министерството за животна средина, во Битола над 30 институции се греат на нафта, мазут и екстралесно масло за домаќинство. Меѓу нив се најголемиот дел од градинките, училиштата, подрачните единици на министерства, институции од културата, факултети и други.
Примерни извори на јаглероден моноксид, според официјалната страница на Минисетрството за животна средина, се издувните гасови од автомобилите и согорувањето цврсти и течни горива во домаќинствата, индустриските процеси, непотполното согорување цврст отпад, како и природните извори како што се шумските пожари. Јаглеродниот моноксид ја менува и атмосферската фотохемија која има удел во формирање на смогот. Имено, јаглерод моноксидот е проблем за локалното загадување и претставува најголема закана за урбаните области со густ проток на сообраќај. Може да предизвика срцеви болести, оштетувања на нервниот систем, главоболки и замор.
Ж. ЗДРАВКОВСКА