ЈСП НЕМА ДА ГИ ВРАЌА ЖЕТОНИТЕ ПО УРНЕКОТ НА СИНИТЕ КАРТОНИ

    ЈСП НЕМА ДА ГИ ВРАЌА ЖЕТОНИТЕ ПО УРНЕКОТ НА СИНИТЕ КАРТОНИВо ЈСП во моментов работат на унапредување на електронскиот систем на наплата, односно на воведување на веб плаќање. - Директорот Игор Јанушев на промоцијата на електронските картички во 2015 година (архивска фотографија)

    Во автобусите на ЈСП„Скопје“ нема да се враќаат жетоните за плаќање на превозот. Електронските картички „Моја скопска“ ги има и во билетарниците и во автобусите, велат од претпријатието и фирмата која е избрана на тендерот редовни ги печати.

    „Не ми паѓа на памет да ги враќаме жетоните. Системот одлично си функционира, граѓаните се задоволни, не се создаваат гужви како што беше порано кога се купуваа хартиени билети. Во моментов имаме во оптек околу 600 електронски картички“ вели Игор Јанушев, директор на ЈСП „Скопје“.

    Во јавното сообраќајно претпријатие во моментов работат на унапредување на електронскиот систем на наплата, односно на воведување на веб плаќање.
    „Граѓаните наскоро ќе можат да си ја надополнат картичката и преку онлајн плаќање, нема да мораат да одат во билетарниците. Во тек е тендерот за избор на банка преку која ќе одат трансакциите, кој очекуваме да заврши за еден месец“ додава Јанушев.

    СЕ ВРАЌААТ СИНИТЕ КАРТОНИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ, НА КАРТИЧКИТЕ ИМ ИСТЕЧЕ РОКОТ

    Фондот за здравство неодамна ги врати сините картони за лекување, откако на електронските здравствени картички издаде во 2011 и дел од 2012 година им истече рокот на важење, а нема фирма која ќе печати нови.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира