ЈУГОХРОМ СЕ ЗАТВОРА ПО ИСТЕЧЕНИОТ РОК ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ФИЛТРИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:41:"Тетово,(САКАМДАЖАМ.МК)

    ЈУГОХРОМ СЕ ЗАТВОРА ПО ИСТЕЧЕНИОТ РОК ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ФИЛТРИ

    Државниот инспекторат за животна средина донел одлука за затварање на „Југохром“ бидејќи во предвидениот рок, кој истече на 31 октомври оваа година, се уште ги нема поставено филтрите за отпрашување на воздухот. Оваа одлука денеска на градоначалничката на општина Тетово и ја соопштил министерот за Животна средина Башким Амети.

    „Решението на Државниот инспекторат за животна средина за затварање на ‘Југохром’ е донесено врз база на сите законски прописи иако за ваквата одлука нема согласност од сите засегнати страни. Не беше лесно да се иницира ваква одлука ако се има во предвид социјалната компонента и важноста која ја има оваа фабрика за вработените во ‘Југохром’, но за нас е најважно здравјето на населението“ изјави министерот Амети.

    „Ги знаете нашите позиции како локална власт дека ‘Југохром’ во текот на зимскиот период не треба да функционира имајќи го предвид фактот дека претставува проблем за сите граѓани од полошкиот регион. Затоа ги поддржуваме овие активности превземени од Инспекторатот“, изјави градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи.

    Генералниот директор на „Југохром“ Васко Скендеровски во изјава дадена вчера рече дека работата на поставувањето на филтри во „Југохром“ е во тек но дека поради административни проблеми не можеле да го запазат предвидениот рок за завршување на работите до 31 октомври. Од „Југохром“ е поднесено барање во Владата за ново пролонгирање на рокот од 18 месеци за што уште се чека на одговор.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира