КАПЕТАН И БРОДАРИ СО СТАР КАМИОН ГЕРИЛСКИ ГО ЧИСТАТ ОХРИД ОД ОТПАД

    КАПЕТАН И БРОДАРИ СО СТАР КАМИОН ГЕРИЛСКИ ГО ЧИСТАТ ОХРИД ОД ОТПАДГрупата бродари, во која е и капетанот на Капетанијата на пристаништата Горан Устијаноски, која со месеци самоиницијативно го чисти Охрид е позната во градот по користењето на еден стар камион „фап“ и затоа се нарекуваат Еко-фап група. (Фото: СДК.МК)

    Капетанот на Капетанијата на македонските пристаништа Горан Устијаноски заедно со група бродари со месеци го чистат Охрид од отпад. Вчера тие на повеќе локации подогнаа неколку стотини килограми отпад од фрлени делови од стари душеци, постелнина, градежен шут.

    Групата бродари која со месеци самоиницијативно го чисти Охрид е позната во градот по користењето на еден стар камион „фап“ и затоа се нарекуваат Еко-фап група. Нивните досегашни акции за почист град беа поздравени од екологистите, но и од бројни охриѓани.

    „Бродари и Еко-фап во служба на природата, масовно и со единство како секогаш. Бескрајна благодарност од името на Охрид и сите идни генерации, што треба да уживаат во малку почиста природа од онаа што ние ја затекнавме денес“, вели капетанот Устијаноски.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира