КАРПА ОД 20 ТОНИ ВИСИ НАД БРАНАТА „МАТКА“, ЕВН ПОБАРА ДА СЕ ИСПИТА НЕЈЗИНАТА СТАБИЛНОСТ

    КАРПА ОД 20 ТОНИ ВИСИ НАД БРАНАТА „МАТКА“, ЕВН ПОБАРА ДА СЕ ИСПИТА НЕЈЗИНАТА СТАБИЛНОСТКарпата се наоѓа на височина од стотина метри над самиот ѕид на браната (Фото: ЦУК)

    Карпа тешка 20-ина тони се надвиснува над браната „Матка“ и „ЕВН Електрани“ побара од Центарот за управување со кризи (ЦУК) да ја испита нејзината стабилност. Како што информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, нема назнаки дека карпата би можела да падне во реката Треска во скоро време, додека од „ЕВН Електрани“ велат дека во тој случај, сепак, не би бил загрозен ѕидот на браната.

    Карпата се наоѓа на височина од стотина метри над самиот ѕид на браната и доколку падне, би се создала голема кинетичка енергија. Оваа карпа се наоѓа во ваква позиција долго време, можеби десетици години, но од фотографиите добиени од ЕВН може да се забележи нејзина одредена нестабилност. Карпата се наоѓа блиску до сртот и врз правецот на нејзиното паѓање би влијаеле повеќе фактори. Притоа, исто така би се предизвикала лавина од други карпи и камења“, вели Ангелов.

    Тој додава дека карпата можеби ќе остане таму уште 100 години, но должни се да ги известат експертите и надлежните институции за можната опасност.

    ЕВН вели дека падот на карпата не би го загрозил ѕидот на браната, иако падот би бил во непосредна близина на испустот на водата. Нема опасност дека карпата ќе падне наскоро, но не можеме да бидеме сигурни во тоа, со природата нема играње. Ќе им препорачаме на чамците кои пловат по кањонот да не поминуваат оттаму“, кажа Ангелов, додавајќи дека засега не се размислува за контролирано уривање на карпата.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира