КАЗНЕТИ 27 ЗАГАДУВАЧИ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО КУМАНОВО

    КАЗНЕТИ 27 ЗАГАДУВАЧИ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО КУМАНОВООд Општината најавуваат дека поради големата аерозагаденост во Куманово, од утре ќе се започне со аеросолно запрашување (Фото: СДК.МК)

    Кумановските инспектори во изминатите три месеци напишале 27 казни и 58 опомени на граѓани кои го прекршиле Законот за јавна чистота и животна средина. Најголем дел од казните се однесува на фрлање отпад на јавен простор и на палење на отворен простор. Казната за овие прекршоци за физички лица изнесува 50 и 200 евра.

    „Сакам да се заблагодарам на граѓаните кои соработуваа со нас во изминатиот период и да ги охрабрам да помогнат да ги идентификуваме оние кои го прекршуваат Законот за јавна чистота и животна средина“, изјави Бобан Бојковски, раководител на Секторот за инспекциски надзор.

    Секторот воведе и втора смена, односно дежурства, со цел да ги открие прекршителите на Законот за заштита на животната средина.

    Во наредниот период ќе се спроведат акции со СВР Куманово за санкционирање на несовесните граѓани кои палат отпад, бидејќи со тоа се загрозува и општата опасност на граѓаните и тоа е кривично дело.

    Од Општината најавуваат дека поради големата загаденост на воздухот во Куманово, од утре ќе започнат со аеросолно запрашување за да се намали аерозагадувањето во централното градско подрачје, поточно на улиците Гоце Делчев, Илинденска, Народна револуција и Октомвриска револуција.

    С. НИКОЛИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира