ЌЕ ЈА ИСЧИСТИМЕ ДЕПОНИЈАТА КАЈ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ШТО СЕ ЗАПАЛИ, А ПОТОА ЌЕ ГО ЗАГРАДИМЕ ВЛЕЗОТ, НАЈАВИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОГОЕВ

    ЌЕ ЈА ИСЧИСТИМЕ ДЕПОНИЈАТА КАЈ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ШТО СЕ ЗАПАЛИ, А ПОТОА ЌЕ ГО ЗАГРАДИМЕ ВЛЕЗОТ, НАЈАВИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОГОЕВБогоев кажа дека за чистење на депонијата ќе бара помош од претпријатијата на Град Скопје и другите државни институции. (Фото: Општина Карпош)

    Депонијата која беше запалена на кејот на реката Вардар, зад СЦ „Борис Трајковски“ ќе се чисти. Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев денеска најави дека ќе организира акција за расчистување на ѓубрето и шутот долг кејот и побара помош од Град Скопје, државните институции и фирмите кои имаат градежна механизација.

    „Во сабота ќе организираме акција за чистење на урбаниот дел од Карпош. По завршување на таа акција ќе почнеме со организација на голема акција за да се исчисти ѓубрето кое овдека се трупало со години. Ќе ги повикаме претпријатијата на Град Скопје и другите државни институции со нивната механизација и човечка сила да ја исчистиме оваа депонија“, кажа градоначалникот Богоев.

    Земјиштето на оваа локација дел е во сопственост на државата, дел со денационализација вратено на граѓани. Според постојниот план кој беше поништен од Уставен суд се предвидуваше изградба на објекти за спорт и рекреација со висина до 6 ката. Богоев кажа дека новиот уште не е почнат да се прави, затоа не може да каже какви содржини ќе се предвидат.

    Богоев ги повика сите граѓани и општествено-одговорни компании да се приклучат на чистењето в сабота. Покрај што ќе се собира џебен отпад, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ ќе ги косат зелените површини, а „Комунална хигиена“ ќе ги мие улиците.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира