КОМАНДИРОТ НА СКОПСКАТА ПОЖАРНА ЗВОНКО ТОМЕСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

    КОМАНДИРОТ НА СКОПСКАТА ПОЖАРНА ЗВОНКО ТОМЕСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКАТомески си поднел оставка од лични причини, а на оваа функција е од октомври 2016 (Фото: Град Скопје)

    Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески поднесе оставка. Градоначалникот Петре Шилегов вели дека Томески поднел оставка од лични причини, но тој прифатил да ја врши функцијата до изборот на нов командир.

    „Наскоро ќе распишеме оглас за избор на нов командир на Пожарна“, рече Шилегов.

    Томески е командир на Пожарната од октомври 2016, кога ексградоначалникот Коце Трајановски го смени тогашниот командир Благоја Менковски кој беше на таа функција 17 години.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира