КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ УШТЕ НЕМА ДАДЕНО ПРЕДЛОГ ЗА ОТВОРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ И ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ, РЕЧЕ СУГАРЕСКИ

    КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ УШТЕ НЕМА ДАДЕНО ПРЕДЛОГ ЗА ОТВОРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ И ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ, РЕЧЕ СУГАРЕСКИНа ТАВ му треба седум до десет дена претходно да знае кога ќе се отворат аеродромите, зашто треба да се тестираат; - Министеро Сугаревски во Битола со градоначалнучката Наташа Петровска. (Фото: СДК.МК)

    Комисијата за заразни болести сè уште нема дадено предлог до Кризниот штаб за отворање на аеродромите и граничните премини, кажа денеска во Битола министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

    „Вчера на Кризниот штаб го отворив прашањето бидејќи пред неколку дена разговарав со директорот на ТАВ кој спомна дека треба да се има предвид дека имаат потреба од 7 до 10 дена за евентуално тестирање на аеродромот. Разговараме за тоа на Штабот, но сè додека не стигне конкретен предлог од Комисијата за заразни болести, нема да се носи таква одлука“, рече Сугарески.

    Аеродромот во Скопје поради пандемијата со КОВИД-19 е затворен од 18 март, а ден претходно беа затворени и граничните премини.

    Сугарески во Битола вршеше увид на реконструктивните зафати врз најдолгата сообраќајница во градот Илинденска. Најави дека капиталните инвестиции ќе продолжат и покрај здравствената криза, а и да има ребаланс, во делот на овие инвестициите нема да се гиба.

    За Битола рече дека се гради заштитниот ѕид на обиколницата, за неполн месец ќе има тендер за патот кај Буковски гробишта од 630.000 евра, повеќе од милион евра се обезбедени за локални улици и патишта, проектната документација за експресниот пат Битола -Меџитлија ќе биде готова летово, а гасификацијата од кракот Прилеп-Битола е реализирана 90 проценти.

    Запрашан дали градежната офанзива е поради тоа што се можни избори, Сугарески одговори дека тоа се проекти предвидени и започнати од претходно и кога не се планирале избори, дел тендерирани и за сите се обезбедени пари дали од буџетски средства или од фондови.

    За железничката линија Битола-Лерин рече дека се инсталира опрема од Тубарево до Битола, а останува и еден дел од патот кој треба да го направи изведувачот кај зоната Жабени.

    „Потоа треба динамиката да ја договорат МЖ Транспорт од наша страна и грчкиот железнички транспорт“, рече Сугарески.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира