„КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ И „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ ЌЕ СЕ ПОДЕЛАТ НА ОПШТИНИТЕ, СЕКОЈА САМА ЌЕ ЧИСТИ, РЕКОА СКОПСКИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

    „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ И „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ ЌЕ СЕ ПОДЕЛАТ НА ОПШТИНИТЕ, СЕКОЈА САМА ЌЕ ЧИСТИ, РЕКОА СКОПСКИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИСо расформирањето на овие две претпријатија вработените и механизацијата ќе бидат распределени по Општините. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Ќе се одземат ингеренциите на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска за чистење на градот и ќе се предадат на Општините. Ова денеска го договорија скопските градоначалници, по што сега Владата на наредна седница треба да ги одземе ингеренциите на ЈП „Комунална Хигиена“ и „Паркови и зеленило“ и да ги предава на централната власт. Потоа Владата ќе назначи владин повереник кој ќе ги управува претпријатијата односно ќе го спроведе процесот за нивно расформирање и поделба на Општините.

    Иако оваа идеја е постара сега стана повеќе од потребна, бидејќи градоначалничката Данела Арсовска не си ја врши работата. Скопје на 40 степени е затрупано во ѓубре, парковите се неискосени и пожолтени. Сега секоја Општина ќе се грижи за хигиената и зеленилото на нејзнина територија“, рече градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

    Со расформирањето на овие две претпријатија вработените и механизацијата ќе бидат распределени по Општините, според бројот на жители. Парите кои Градот сега ги собира преку сметките за ѓубре и за зеленило ќе се делат меѓу Општините повторно според бројот на жители.

    Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски кажа дека оваа идеја е стара и дека на овој начин подобро ќе се функционира, но рече дека џабе се прави оваа измена ако не се зголеми цената за ѓубретарина и вода, ако не се зголемат платите на работниците, и ако комуналните инспектори не добијат повеќе ингеренции за казнување.

    Не би сакал да се сфати дека оваа потреба е само затоа што градоначалничка е Данела Арсовска. Овие јавни претпријатија функционирале лошо и во времето на сите ексградоначалниците од 2000 година до сега. Но, и ова е џабе ако не го донесеме Законот за комунална инспекција. Комуналните инспектори мора да добијат овластување, да легитимираат, да приведуваат, да побараат притвор и да анулираат. Ако нема казни нема да ја решиме работита. Исто така ако останеме со овие цени за сервисирање на услугите ние проблемот само го префрламе од едно место на друго. И цените мора да се формираат согласно порастот на цените за живот и инфлаторните движења во државата“, рече Јакимовски.

    Трансформација треба да заврши до декември и од први јануари Општините да се грижат за хигиената. Тие за оваа цел ќе имаат свои јавни претпријатија и тоа значи дека и во иднина и после мандатот на Арсовска, Градот нема да има јавни претпријатија за хигиена и зеленило.

    За решавање на проблемот со јавниот превоз градоначалниците рекоа дека немаат решение, затоа што ЈСП „Скопје“ не може да се подели на Општините. Ѓорѓиевски најави дека Владата на седница ќе го разгледува и ова прашање за да се најде решение и за овој проблем.

    Данела Арсовска на локалните избори во 2021 година беше кандидатka на ВМРО-ДПМНЕ и заедно со сегашните скопски градочалници шеташе на средби со граѓани и истите тие градоначалници бараа од граѓани на митинзите да гласаат за неа. 

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира