Појавата на кончестата алга во водите на Охридското Езеро е вообичаена појава, карактеристична за овој период од годината, вели Сузана Патчева специјалист за фитопланктон во Хидробиолошкиот завод во Охрид.
„Кончестата алга или кладофора е редовна појава во месеците јуни и јули. По овој период таа се повлекува. Се појавува со зголемување на температурите и на светлината. Сега може да се види кај пристаништето и на други делови од брегот каде се присутни нутриенти. Таа не претставува опасност за луѓето и за живот свет во Езерото, но е непријатна кога се гледа. Охридското Езеро е чисто олиготрофно езеро пријатно за капачите”, вели Патчева.
Патчева напоменува дека појавата на кончестата алга не е резултат на големите климатски промени што се регистрирани на светско ниво.
Д. ЧУБРИЌ