КОНТЕЈНЕРИТЕ НИЗ СКОПЈЕ ПРЕПОЛНИ, ЃУБРЕТО НЕ СЕ СОБИРА СО РЕДОВНАТА ДИНАМИКА

    КОНТЕЈНЕРИТЕ НИЗ СКОПЈЕ ПРЕПОЛНИ, ЃУБРЕТО НЕ СЕ СОБИРА СО РЕДОВНАТА ДИНАМИКАПолни контејнери има низ сите населби во Скопје, но и во центарот на градот. - Карпош 4 кај „Сити мол“. (Фото: СДК.МК)

    Ѓубрето низ Скопје не се собира со предвидената динамика па затоа контејнерите низ градот се преполни, а со ѓубре се затрупани и тротоарите. Полни контејнери има низ сите населби во Скопје, но и во центарот на градот.

    Контејнерите на улицата Даме Груев во центарот на Скопје се празнат секој ден, но сега два дена немаше поминато камион. Дури денес дојдоа да го соберат ѓубрето со кое беше затрупана и улицата“, велат вработени во околните објекти.

    Во Скопје не се метат редовно ни улиците, ниту се чистат корпите за отпадоци. ЈП „Комунална хигиена“ не може да ги ангажира сезонските работници, бидејќи на Советот на Град Скопје не им е помината програмата за работа. За неа не гласаат советниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои откако се скараа со градоначалничката Данела Арсовска не ги поддржуваат нејзините точки и програми. Без гласовите на ВМРО-ДПМНЕ кои имаат најмногу советници во Советот, 16, треба сите други советници да гласаат „за“ за да пројде. точката.

    Но, контејнерите низ Скопје треба да ги празнат редовно вработените лица во претпријатието, сезонските според договорите се ангажирани само за метење и чистење на улици и празнење на корпите за џебен отпад.

    Градоначалничката Данела Арсовска не одговараше на нашите прашања зошто контејнерите се полни и ѓубрето не се собира со предвидената динамика. Директорот на „Комунална хигиена“ Гоце Трајковски вели дека ѓубрето низ градот се собира со редовна динамика, нема никаков застој од нивна страна, а проблемот е поради несовесни граѓани кои фрлаат ѓубре и трупаат отпад.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира