КОНЗЕРВИРАНИ И ИЗЛОЖЕНИ ВРЕДНИТЕ МОЗАИЦИ ОД РАНОХРИСТИЈАНСКАТА БАЗИЛИКА ВО СТРУШКО ОКТИСИ

    КОНЗЕРВИРАНИ И ИЗЛОЖЕНИ ВРЕДНИТЕ МОЗАИЦИ ОД РАНОХРИСТИЈАНСКАТА БАЗИЛИКА ВО СТРУШКО ОКТИСИБазиликата има непроценлива вредност поради тоа што на мозаиците е отсликано раѓање на христијанството.(Фото: СДК.МК)

    Во струшко Октиси заврши конзервацијата на мозаици од ранохристијанска базилика, откриена во 1927 година. Овој вреден мозаик изваден во 1990 и пренесен во Струга, обработуван и за првпат во Македонија лиен е на подлога која ќе го заштити од пропаѓање и трулење.

    „Се набави за првпат во Македонија алуминско саќе на кое се презентирани мозаиците. Ова саќе е набавено од Италија и на нов начин е презентиран мозаик во Македонија“, вели Јован Василески вработен во Музеј Незлобински Струга.

    Вкупната површина на овој фрагментарен мозаик е околу 100 квадратни метри. Самата базилика била многу поголема во времето кога била изградена. Постоеле околу 500 квадратни метри, но поголемиот дел низ времето бил уништен.

    На ѕидовите од конаците поставена е и изложбена поставка на мозаикот со што монументалната базилика од римско време ќе се претстави со сите свои вредности.

    „Извршен е делумен ретуш на моааикот заштитен е со средства кои не дозволуваат продирање на влага. Конечно дојде денот да се вратат на своето место“ вели Драган Вергоски, советник конзерватор за мозаик во пензија.

    Сашо Цветкоски од Истражувачкиот центар за културно наследство при МАНУ вели дека овој проект е единствен во Македонија.

    „Ваква презентација на мозаици како музејска поставка во земјава досега немаше. Мозаиците се поставени на квалитетни носечки подлоги со што се овозможува мобилност. Автентична поставка единствена во земјава и очекуваме да привлече големо внимание“, рече Цветковски.

    Базиликата има непроценлива вредност поради тоа што на мозаиците е отсликана единствената претстава на Балканот „Рагање на христијанството“.

    Минатата година мозаиците кои со години беа чувани во депо, беа изложени за јавност во новите конаци на црквата „Свети Никола“, изградени од мештаните и црковниот одбор на селото.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира