КОРИСНИЦИТЕ НА „ЖЕЛЕЗАРСКОТО“ ПАРНО ЌЕ НЕМААТ ГРЕЕЊЕ 24 ЧАСА НА ДЕН, ТУКУ ОД 6 ДО 22 ЧАСОТ КАКО ЦЕЛО СКОПЈЕ

    КОРИСНИЦИТЕ НА „ЖЕЛЕЗАРСКОТО“ ПАРНО ЌЕ НЕМААТ ГРЕЕЊЕ 24 ЧАСА НА ДЕН, ТУКУ ОД 6 ДО 22 ЧАСОТ КАКО ЦЕЛО СКОПЈЕОд 1 февруари, 2.000 потрошувачи од Енергетика од вкупно 4 000 се префрлени на мрежата на ЕСМ Снабдување, односно на главната градска мрежа. (Фото: СДК.МК)

    Корисниците на таканареченото „железарско“ парно во населбите Автокоманда ќе немаат греење 24 часа на ден како досега туку од 6 до 22 часот. Од ЕСМ велат дека греењето во Скопје ќе биде исто за сите потрошувачи од 6 до 22 часот и со внатрешна температура меѓу 20 и 21 степен.

    Од 1 февруари, 2.000 потрошувачи од Енергетика од вкупно 4 000 се префрлени на мрежата на ЕСМ Снабдување, односно на главната градска мрежа. За другите 2.000 кои остануваат на Енергетика во следниот период ќе се направат технички подготовки за од следната грејна сезона да добиваат греење како и останатиот дел од градот.

    Спроведени се промени во системот на греење во Скопје во правец на стандардизирање и воедначување на греењето, односно исти услови за сите потрошувачи. Овие потрошувачи досега добиваа парно греење 24 часа. По воведената промена сметките во населба Автокоманда нема да се покачуваат како што се појавија шпекулации, а сметките на училиштата, градинките, деловните објекти и други институции и ќе се намалат до 45%“, велат од ЕСМ.

    Причината за воведените промени е тоа што ЕСМ Енергетика ќе ги стави надвор од употреба старите парни котли кои немаат техничка можност за дневно гаснење и затоа греењето беше испорачувано 24 часа со енормна потрошувачка на гас. Од ЕСМ велат дека котлите се градени во едно друго време и за друга намена, а тоа било снабдување со технолошка пареа на производните металуршки капацитети во комплексот Железара и од тие причини испораката на топлинска енергија преку нив со овие цени на гасот е неодржлива. Поради старата технологија, овие котли при работењето значително ја загадуваат и околина.

    Доколку се продолжеше со истиот начин на работа, со овие цени на енергенсите, тоа ќе чинеше дополнителни 15 милиони евра од буџетот по грејна сезона. Тоа значи дека или сите граѓани преку буџетот ќе плаќаат за одреден број потрошувачи да добиваат греење 24 часа, или сметките на сите потрошувачи во Скопје ќе бидат значително повисоки“, велат од ЕСМ,

    Во Скопје 62.000 домаќинства се приклучени на топловодната мрежа. 57.000 се снабдуваат преку новоформираните фирми ЕСМ Производство, Дистрибуција и Снабдување, односно преку главната градска мрежа која претходно ја оперираше БЕГ. 4. 000 потрошувачи се снабдуваат преку подружницата на ЕСМ-Енергетика и 500 преку топланата Скопје Север, која е исто така управувана од АД ЕСМ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира