КОРОНАВИРУС ИМААТ ВКУПНО ТРОЈЦА ВРАБОТЕНИ, ОД ВТОРНИК ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ВО ВЕЛЕС НЕМА ДА РАБОТИ

    КОРОНАВИРУС ИМААТ ВКУПНО ТРОЈЦА ВРАБОТЕНИ, ОД ВТОРНИК ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ВО ВЕЛЕС НЕМА ДА РАБОТИПоради вкупно тројца заболени, Центарот за јавно здравје од вторник нема да работи, ниту ќе се земаат брисеви. (Фото: СДК.МК)

    Во изминатите 24 часа се регистрирани три нови случаи на коронавирус на територијата на градот Велес. Резултатите покажале дека е позитивен на КОВИД-19 бил брисот на еден здравствен работник од Центарот за Јавно здравје (ЦЈЗ), со што вкупно заболени од оваа институција се тројца, двајца здравствени работници и еден административец. Поради тоа, ЦЈЗ од вторник нема да работи, ниту ќе се земаат брисеви, а кога ќе продолжи со работа дополнителноќе објават.

    „Станува збор за две поврзани лица со веќе постоечки кластер членови на семејство на лице вработено во трговска дејност и еден вработен во Центарот за јавно здравје Велес“, соопшти Центарот.

    Со ова, во Велес вкупно се регистрирани 58 пациенти со КОВИД-19. Од Општа Болница Велес соопштија  дека сите резултати на десетината здравствени работници од Интерното одделение покажале негативни резултати. Исто така, негативни биле и на раководството на оваа здравствена институција, директорот, главната сестра, и останатите лица од економскиот и правниот дел. Вчера негативни беа и резултатите на сите 12 вработени од Инфективното одделение на оваа Болница, откако пред некој ден кај медицинска сестра беше констатирано присуство на коронавирусот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира