КРАЖБА НА ЖЕЛЕЗНИЧКА ОПРЕМА УТРОВО КАЈ ДРАЧЕВО, СТОТИНА ПАТНИЦИ СЕ ПРЕМЕСТУВАЛЕ ВО ДРУГ ВОЗ НА ОТВОРЕНА ПРУГА

    КРАЖБА НА ЖЕЛЕЗНИЧКА ОПРЕМА УТРОВО КАЈ ДРАЧЕВО, СТОТИНА ПАТНИЦИ СЕ ПРЕМЕСТУВАЛЕ ВО ДРУГ ВОЗ НА ОТВОРЕНА ПРУГАСтотина патници чекаа на пруга да се преместат во друг воз поради кражба на тегови од контактната мрежа, без кои електричните возови не можат да функционираат. (аматерска фотографија)

    Утрово патничкиот воз од Гевгелија за Скопје, непланирано остана на отворена пруга помеѓу железничка станица Јане Сандански и Драчево, на влезот во Скопје. На стотината патници им било кажано дека има кражба на железничка опрема, па ќе мора да се преместат во друг воз. Ова се случило утрово околу 7,15 ч.

    „Возниот персонал не замоли да го напуштиме електричниот воз од Гевгелија, за да се преместиме во патничкиот воз кој е дизел и доаѓа од Кочани, за Скопје. Причината бил кражба на тегови од контактната мрежа, поради која електричните возови не можат да сообраќаат. По 40-тина минути чекање стигна другиот патнички воз и се упативме до Скопје со исто толку задоцнување“, вели патник од Велес, кој секојдневно е на релација до главниот град, поради работното место.

    Вработени кои патувале во утрово со првиот воз од Велес за Скопје, исто така електричен, кажаа ја минал оваа делница околу 6,45 ч. и немало проблеми, така што кражбата е извршена во периодот од следните 90 минути.

    Во последниот период се зачестени кражбите на опрема па трпи железничкиот сообраќај. Истата кражба, тогаш информираше МВР, се случи на 1 март, на истата локација помеѓу железничките станици Драчево и Јане Сандански, со тоа што таа беше ноќно време а последниот воз од Скопје во Велес, кој по ред на возење тргнува во 22,33 во Велес наместо во 23,25 стигнал во 1,10 часот. Деновиве пак според информации од МЖ, украдени биле акумулатори од железничките патни премини кај село Ногаевци и кај Кукуречани на пругата Велес – Неготино. Поради ова не работат сигурносните рампи и се доведена во опасност минувачите преку овие премини и покрај тоа што возовите превентивно застануваат.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира