КРИСТИНА ДЕПО НЕ Е ВЕЌЕ ДЕЛ ОД КАБИНЕТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА  АРСОВСКА

    КРИСТИНА ДЕПО НЕ Е ВЕЌЕ ДЕЛ ОД КАБИНЕТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА  АРСОВСКАДепо за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека веќе не е во Град Скопје на нејзино барање бидејќи има други ангажмани. (Фото: К.Попов)

    Градоначалничката Данела Арсовска остана без уште еден член на нејзиниот тим. Од понеделникот повеќе дел од кабинетот на Арсовска не е Кристина Депо, која беше прво шефица за односи со јавност, а потоа координаторка на проектот „Скопје европска престолнина на културата 2018“. На парламентарните избори во мај Депо беше на листата за пратеници на партијата на Арсовска „Нова Алтернатива“ во првата изборна единица.

    Депо за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека веќе не е во Град Скопје на нејзино барање бидејќи има други ангажмани, а со градоначалничката се разделиле пријателски.

    Кристина Депо дојде во Град Скопје лани во април како шефица за односи со јавност на Град Скопје. Депо требаше да ја поправи нетранспарентноста и лошиот однос со медиумите на Арсовска. Но, во тоа не успеа. Веднаш по стапувањето на функција организираше појадок со одбрани новинари во скопски елитен ресторан и тука заврши комуникацијата со  медиумите.

    После неколку месеци Депо доби друга функција во Градот односно стана координатор на проектот „Скопје европска престолнина 2028“.

    Од Кабинетот на Арсовска пред неколку месеци си отиде и Наталија Митовска, сопруга на сопственикот на порталот „Инфомакс“ Александар Митовски. Таа во декември лани беше назначена за генерален секретар на Град Скопје, откако Арсовска од оваа функција го разреши Зоран Глигоров.

    А. АНТЕВСКА

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира