КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ТРОЈЦА ВРАБОТЕНИ ВО ЈСП „СКОПЈЕ“, СИ ЗЕМАЛЕ ДЕЛ ОД ПРОМЕТОТ ОД БИЛЕТАРИТЕ

    КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ТРОЈЦА ВРАБОТЕНИ ВО ЈСП „СКОПЈЕ“, СИ ЗЕМАЛЕ ДЕЛ ОД ПРОМЕТОТ ОД БИЛЕТАРИТЕБуџетот на претпријатието е оштетен за пола милион евра. (Фото: СДК.МК)

    Финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против тројца вработени во ЈСП „Скопје“ кои го оштетиле буџетот на претпријатието за пола милион евра. Лицата не го пријавувале во целост и не го книжеле целиот промет кој на дневно ниво се остварувал во билатарниците и на жичницата, туку тој дел си го земале за себе.

    Како што стои во соопштението на Финансиската полиција, трите лица се товарат за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување  и кривично дело затајување за период од 2017 до 2021.

    „Спротивно на Меѓународните сметководствени стандарди број 7 и број 8, направиле повеќе книжења во сметководствената евиденција без поткрепа на сметководствени документи, неправилно внеле почетни состојби во сметководствената евиденција и не извршиле усогласување на аналитичката со синтетичката евиденција на приходите и расходите согласно утврден контен план, а паричните средства кои им биле доверени од остварениот дневен промет, ги предале во помал износ во правниот субјект со цел истите да ги присвојат за себе, на начин што го оштетиле буџетот на ЈСП Скопје за вкупен износ од 28,065.476,00 денари“, велат од Финансиската полиција.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира