Пак се вратени новогодишните куќарки на Плоштад Македонија. Денеска камиони од јавните претпријатија на Град Скопје ги поставуваа куќарките на плочникот, кои беа тргнати пред еден месец.
Од Град Скопје денеска не добивме одговор на нашето прашање зошто повторно се поставуваат куќарките и зошто пред еден месец беа отстранети кога сега пак се враќаат.
Куќарките беа тргнати на 15 април. Оттогаш на Плоштадот Македонија се одржа само митингот на ДУИ на 21 април. Друг настан немаше.
Куќарките беа поставени на Плоштадот пред Нова година, и четири месеци стоеја празни и затворени.
А. АНТЕВСКА