КУЌАТА ИМ СЕ УРИВА ОТИ 30 ГОДИНИ ЧЕКААТ ДОЗВОЛА ЗА РЕНОВИРАЊЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КУЌАТА ИМ СЕ УРИВА ОТИ 30 ГОДИНИ ЧЕКААТ ДОЗВОЛА ЗА РЕНОВИРАЊЕ

    Предупредувачки знаци за можност од уривање има кај куќа во центaрот на Кавадарци, за која сопственикот Петре Стојанов тврди дека е од 1900 година.  Горниот кат е доста оштетен и на прашањето дали им е страв да живеат во објектот поради можноста да падне дел од материјалот од кој е изграден, ни рече дека низ годините веќе отрпнале и се навикнале на таков живот, откако веќе три децении чекаат дозвола да си ја реновираат куќата.

    „Многу години сакаме, а немаме дозвола да ја реновираме сопствената куќа, ни велеа дека требало да се прошири главната улица. Најново, сега ни кажаа дека овде се планира изградба на зграда. Сѐ уште е сѐ во процедура. Имаме сега некоја спогодба, па ќе видиме. Уште сме во исчекување од Општината. Ако се изгради зграда, да добиеме неколку станови”, вели Стојанов.

    Тој вели дека дури и да не се изгради зграда, куќата  веќе нема да може да се реновира и да ја задржи автентичноста, затоа што е премногу оштетена од забот на времето.

    „Според моја слободна проценка, оштетувањето е над шеесет проценти”, вели Стојанов.

    Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов потврди дека главна грижа на Општината се куќи кои би можеле да паднат, а ги има неколку во градот. Најизразена е оваа на улицата Страшо Пинџур.

    „Ја обезбедивме, писмено ги предупредивме сопствениците. Ние не одлучуваме за судбината. Минатиот период работевме на донесување на урбанистички план кој планира на тој потег на тие две куќи и соседните дворови да се изгради една мала зграда. Со тоа правевме една учинка и на сопствениците на куќата што може да падне и на сите околу неа. Во план ни е во тој дел да го прошириме патот и да обезбедиме тротоар. Постапката околу експропријацијата на оваа куќа ни е веќе во тек, во преговори сме со сопствениците, бидејќи таму се повеќе сопственици. Ангажиран е вештак за да ја утврди вредноста на куќата. И доколку се согласиме, да ја експроприираме, да ја платиме и тој потег да го ослободиме од таа куќа. Бидејќи таму не станува збор за санација, куќата може да падне, веќе и е определен таков статус. Единствено чаре за таа куќа е да биде урната. И на нејзино место да се прошири улицата и да се стави тротоар на тоа место“, вели Панов.

    Тој вели дека уште на две-три места во градот има такви куќи, меѓутоа не се од таков вид и од таква опасност.

    „Морам да потенцирам дека надлежноста кај вакви куќи е на самите сопственици. Сите негативни последици кои ќе настанат од нејзино паѓање, си ги сносат самите. Затоа, еве јавно предупредувам дека први кои треба да се грижат за тоа се тие, а потоа сите други”, вели градоначалникот Панов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира