КУМАНОВО ЌЕ ГРАДИ ПРИСТАПНИ РАМПИ И ЛИФТОВИ ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО ЈАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ 

    КУМАНОВО ЌЕ ГРАДИ ПРИСТАПНИ РАМПИ И ЛИФТОВИ ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО ЈАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ Координаторката на ОН и постојаниот претставник на Програмата за развој Луиза Винтон и раководителката на секторот во Швајцарската агенција за развој и соработка за Западен Балкан Жоржет Бруше, беа во посета на основното училиште „11 Октомври“, лично да се запознаат со досегашните активности за социјалната инкулизија во општината и што конкретно предвидува новиот проект (Фото: СДК.МК)

    Општината Куманово со поддршка на УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка ќе започне нов проект за социјална инклузија и вклучување во општеството на лица со посебни потреби. Првата фаза од проектот предвидува мапирање на јавните институциите во градот кои имаат потреба од создавање услови за непречено движење на лицата со посебни потреби, а ќе продолжи со изградба на пристапни патеки, рампи и лифтови за лицата кои се движат со инвалидска количка.

    За таа цел ќе се формира комисија од претставници на повеќе институции на локано и централно ниво, како што се Општината, Министерството за труд и социјална политика, Црвен крст и други, кои ќе извршат увид на постоечката инфраструкатура во сите локални и државни институции во општината, по што ќе се одредат приоритети.

    Координаторката на ОН и постојаниот претставник на Програмата за развој Луиза Винтон и раководителката на секторот во Швајцарската агенција за развој и соработка за Западен Балкан Жоржет Бруше, беа во посета на  основното училиште „11 Октомври“, лично да се запознаат со досегашните активности за социјалната инкулизија во општината и што конкретно предвидува новиот проект.

    „Настојуваме со овие проекти никој да не биде изоставен, туку секој да бидат вклучен во секојдневниот живот и во општеството. Задоволни сме што ја имаме поддршката на Општината“, изјави Винтон.
    Швајцарската агенција за развој и соработка за Западен Балкан во наредниот 4 годишен период ќе стави акцент на прашањата за социјална инклузија и вклучување во општеството.

    „Сметаме дека исклучувањето од општеството ја зголемува сиромаштијата, потенцијалните конфликти и недоразбирања, и затоа сакаме таквите потенцијали и ризици да се избегнат во Македонија. Ова е доказ на една локална заедница, како што е Општина Куманово, како таа може да ја земе судбината во свои раце и да ги решава проблемите што ја засегаат доколку се обезбеди соодветна помош за тоа“, изјави Бруше.

    Во Општина Куманово повеќето јавни институции немаат инфраструктура за лицата со посебни потреби. Во Музејот Куманово поради тоа што нема пристапна патека за движење со инвалидска количка, ги качуваат на раце посетителите кои имаат таков вид здравствени проблеми.

     С. НИКОЛИЌ  

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира