КУМАНОВСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ УТРЕ НА ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ, ВЕЛАТ ДЕКА ТРИ ГОДИНИ НЕ ЗЕЛЕ СУБВЕНЦИИ

    КУМАНОВСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ УТРЕ НА ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ, ВЕЛАТ ДЕКА ТРИ ГОДИНИ НЕ ЗЕЛЕ СУБВЕНЦИИДо 2014 година субвенциите секогаш се темпира намерно пред избори, но наша процена е дека сега нема пари, па затоа се служат со разни изговори, се сомневаат од од здружението на земјоделци „Спас“. (Фото: СДК.МК)

    Земјоделците од кумановскиот регион утре ќе се приклучат на протестот пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Скопје, незадоволни поради тоа што три години не земале субвенции.

    „Ние земјоделците произведуваме храна, а државните институции ни продаваат магла. Нашето трпение веќе заврши и затоа го креваме гласот. До 2014 година субвенциите секогаш се темпира намерно пред избори, но наша процена е дека сега нема пари, па затоа се служат со разни изговори. Бараме да се направи деблокада на инситуциите за да може и ние земјоделците да функционираме, бидејќи државата од нас бара да си ги подмириме обврските, а бензинските пумпи и земјоделските аптеки не можат до недоглед да чекаат да им платиме“, изјави Саша Арсиќ од здружението на земјоделци „Спас“.

    Земјоделците се жалат дека повеќето од нив не добиле средства за субвенционирање на производството од 2014 година наваму.

    Во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане има регистрирано околу 9.000 земјоделци и сточари, но поради проблемите со финсирањето и откупот на земјоделските производи, нивниот број постојано се намалува. (С.Н.)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира