ЛАНИ 11 ОТСТО ПОВЕЌЕ БОЛНИ СО ДИЈАБЕТЕС ВО ВЕЛЕШКО

    ЛАНИ 11 ОТСТО ПОВЕЌЕ БОЛНИ СО ДИЈАБЕТЕС ВО ВЕЛЕШКОЗа 20 години во Велес се регистрирани 23 деца со дијабетес Тип 1, а во текот на 2017 најмалку 11 деца на возраст од 12-16 години со преддијабетна состојба (Фото: СДК.МК)

    Минатата година во Велес имало  11 отсто повеќе лица со дијабетес отколку во 2016, соопшти претседателот на Здружението на дијабетичари Лилипоп од Велес.  Во 2017 според  Центарот за Јавно здравје, во општината биле  регистрирани вкупно 6.491 лице со дијабетес, од кои 1.066 на инсулинска терапија, а од нив во руралните населби живеат 103. Оваа бројка е поголема за 648 новодијагностицирани во однос на претходната година, а бројот лица кои примаат инсулин е повисок за 79 или 8 отсто,  од 987 во 2016.

    „Причината за добивањето на дијабетес е стресот, начинот на исхрана и недвижењето. Поразителни факти се дека во Велес за 20 години се регистрирани 23 деца со дијабетес Тип 1, а во текот на 2017 најмалку 11 деца на возраст од 12-16 години со преддијабетна состојба. Жално е што лани имаме два новоевидентирани  случи на деца од две години и девет години кои се на инсулинска терапија тип 1“, рече Димче Велев, претседател на Здружението Лилипоп.

    Одговарајќи на новинарско прашање како е состојбата со снабденост со инсулини, Велев рече дека повеќе лица користат од новата генерација инсулини, кои биле со продолжено дејство.

    „За жал, инсулинот од Тип1 кои во велешко го користат 60 лица го нема редовно. Со инсулин Тип 2 сме добро снабдени, што не значи дека молчиме како Здружение, туку напротив реагираме, а за секој недостаток се помагаме таму каде што нема и кога нема. Очекувам дека следниот тендер ќе ги надмине овие проблеми“, кажа Велев.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира