ЛАНИ ВО ВЕЛЕС ИСЧИСТЕНИ 31 ДИВА ДЕПОНИЈА, ГРАДЕЖЕН ШУТ НА ГОЛЕМО СЕ ФРЛА НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ

    ЛАНИ ВО ВЕЛЕС ИСЧИСТЕНИ 31 ДИВА ДЕПОНИЈА, ГРАДЕЖЕН ШУТ НА ГОЛЕМО СЕ ФРЛА НА ЈАВНИ ПОВРШИНИЛокалната власт во повеќе наврати ги чистела приодите кон градот од отпадот (Фото: СДК.МК)

    Со чистење на дивите депонии во околината на Велес лани биле собрани 1.251 кубен метар отпад.

    Локалната власт во повеќе наврати ги чистела приодите кон градот од отпадот што несовесни граѓани го фрлаат на отворено, на места каде што не е дозволено. Чистени се и дивите депонии во самиот град, при што биле собрани 820 кубни метри отпад. Севкупно, во 2020 се собрани 2.071 кубен метар отпад и транспортиран на соодветна депонија, што е помалку од лани.

    „Чистени се поголемите диви депонии на пристапен пат кон населба Дурутовец, на излезот од Велес кон Скопје и Штип. Со санација и расчистување на дивите депонии се растовари животната средина. Исчистени се дивите депонии на градските локации, вкупно 31“, соопштија од локалната власт.

    Лани се собрани и 9.427 кубни метри градежен шут, најмногу во однос на изминатите години, односно колку за трите претходни години заедно.

    „Во градежниот шут што се фрла на несоодветни места доминираат земја и камења. Тој се фрла на јавни површини, иако градот има одредена локација каде се депонира“, велат од локалната власт.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира