ЛАНСКОТО ПРОЛЕТНО НЕВРЕМЕ ВО ВЕЛЕШКО НАПРАВИЛО ШТЕТА ОД 3,1 МИЛИОН ЕВРА

    ЛАНСКОТО ПРОЛЕТНО НЕВРЕМЕ ВО ВЕЛЕШКО НАПРАВИЛО ШТЕТА ОД 3,1 МИЛИОН ЕВРАНевремето се случи во период кога вегетацијата на културите беше во пол ек, а некои беа во почетна фаза на берба (Фото: СДК.МК)

    Штетите од ланското невреме кое ги зафати општините Велес и Лозово изнесуваат 190 милиони денари, односно 3,1 милион евра. Ова го процени Комисијата за проценка, која ги поднесе извештаите за штетите до локалните совети.

    Невремето се случи во средината на јуни. Проценката е дека поројниот дожд, градот и ветерот направиле штета од 150 милиони денари во Општина Лозово и 40 милиони во Општина Велес. Кај правните лица штетата е поголема – 121 милион, додека кај физичките лица е 69 милиони денари.

    „Очекуваме државата да нè обесштети, оти во прашање се многу фамилии од овој дел на Велешко“, кажа жител на селото Иванковци.

    Во Општина Лозово има штети и на градежни објекти. Севкупната штета е регистрирана на 5.700 хектари. Невремето се случи во период кога вегетацијата на културите беше во пол ек, а некои беа во почетна фаза на берба, што резултираше со големи штети. Најголеми штети има во селата Каратманово, Дорфулија, Милино, Лозово и Иванковци. Овој извештај ќе биде доставен до Државната комисија за проценка на штети при Владата, која ќе треба да ги обесштети земјоделците.

    Бидејќи законодавецот го зголеми рокот за изработка на елаборатот од 60 на 360 дена, овој документ се најде пред советниците со задоцнување од повеќе месеци.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира