ЛАЖНА ДОЈАВА ЗА БОМБА И ВО ОХРИД, УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНОТО СТРУЧНО УЧИЛИШТЕ ЕВАКУИРАНИ, ПА ВРАТЕНИ НА НАСТАВА

    ЛАЖНА ДОЈАВА ЗА БОМБА И ВО ОХРИД, УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНОТО СТРУЧНО УЧИЛИШТЕ ЕВАКУИРАНИ, ПА ВРАТЕНИ НА НАСТАВАОва е прва дојава за бомба во охридско училишта, по серијата лажни дојави во повеќе училишта и институции низ земјава. (Фото: СДК.МК)

    Лажна дојава за бомба утрово пристигна на електронската пошта на средното стручно училиште, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид. Менаџментот веднаш пријавил во полиција, по што учениците и професорите веднаш биле евакуирани од зградата. Откако специјализираните тимови утврдиле дека дојавата е лажна, наставата продолжила.

    „Првата смена од наставата беше прекината, втора смена од наставата ќе се одвива непречно“, вели директорот Сашо Недески.

    Од СВР Охрид соопштија дека се направени сите неопходни проверки во училишната зграда по што е утврдено дека станува збор за лажна пријава.

    „Направени се сите потребни проверки во врска со денешната пријава дека на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа се извршени детални антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава“, соопштија од СВР Охрид.

    Ова е прва дојава за бомба во охридско училишта, по серијата лажни дојави во повеќе училишта и институции низ земјава.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира