ЛАЖНА ВЕСТ Е ДЕКА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СКОПЈЕ Е ЗАГАДЕНА И ТИЕ ШТО ЈА ШИРАТ МОЖЕ КРИВИЧНО ДА ОДГОВАРААТ, ВЕЛАТ ОД ЈП „ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“

    ЛАЖНА ВЕСТ Е ДЕКА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СКОПЈЕ Е ЗАГАДЕНА И ТИЕ ШТО ЈА ШИРАТ МОЖЕ КРИВИЧНО ДА ОДГОВАРААТ, ВЕЛАТ ОД ЈП „ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“Од „Водовод и канализација“ велат дека постројките кои ги третираат подземните води се чисти и во одлична состојба и истите постојано се следат не само од нив туку и од надлежни институции. (Фото: СДК.МК)

    Водата што ја пијат жители на Скопје е чиста и квалитетна, велат од ЈП „Водовод и канализација“. Од таму велат дека лажна вест е информацијата која деновиве се појавува на социјалните мрежи дека водата во изворот Рашче е загадена.

    На локалитетот нема нешто што би истекло и директно би го загрозило изворот. Постројките кои ги третираат подземните води се чисти и во одлична состојба и истите постојано се следат од наша, а и од страна на надлежни институции. ЈП ’Водовод и канализација‘ секојдневно врши анализи на водата на 38 локации на територијата на градот Скопје. Граѓаните на градот Скопје пијат најчиста и најквалитетна вода за пиење“, се вели во соопштението на јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

    Од таму додаваат преку ваквите лажни вести граѓаните се доведуваат во паника и потсетуваат дека предизвикување општа опасност според Кривичниот законик, член 288, став 1, е кривично дело за кое е предвидена казна затвор до 5 години.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира