ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА НА ОБЈЕКТИ ВО ГРАДИШТЕ КАЈ ОХРИД ТРГНАТА ОД ДНЕВЕН РЕД НА СЕДНИЦАТА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ

    ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА НА ОБЈЕКТИ ВО ГРАДИШТЕ КАЈ ОХРИД ТРГНАТА ОД ДНЕВЕН РЕД НА СЕДНИЦАТА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТОд локалната власт не дадоа конкретен договор дали овие точки повторно ќе бидат ставени на дневен ред на некоја наредна седница на Советот. - Советот на Општина Охрид (Фото: Фејсбук)

    Советниците на Советот на Општина Охрид денес требаше да расправаат и по точката за легализација на објекти во комплексот Градиште кај Охрид, но по силните реакции во охридската јавност таа беше повлечена од дневниот ред. Најавено е дека повторно ќе се чешла документацијата за овој атрактивен дел од источното охридско крајбрежје.

    Ваквата одлука дојде и по острите реакции на охридски екологисти, како и на семејства кои велат дека кај Градиште имаат свој имот кој им бил национализиран во време на бившата држава. Близу 70 семејства бараат да им биде вратена земја која била национализирана. Тие веќе две децении безуспешно се борат да им се вратат имотите.

    Од локалната власт не дадоа конкретен договор дали овие точки повторно ќе бидат ставени на дневен ред на некоја наредна седница на Советот.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира