ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ УТРЕ ЌЕ УЧАТ ПИНГ ПОНГ НА АЕРОДРОМОТ „СТЕНКОВЕЦ“

    ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ УТРЕ ЌЕ УЧАТ ПИНГ ПОНГ НА АЕРОДРОМОТ „СТЕНКОВЕЦ“Во пинг понгот за луѓе со попреченост, спортистите без попреченост ја симулираат попреченоста на противникот

    Утре на спортскиот аеродром „Стенковец“ ќе се одржи обука за пинг понг за лицата со попреченост. Обуката ја организираат здружението на лицата со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“ и аероклубот „Скопје“.

    Во пинг понгот за луѓе со попреченост, спортистите без попреченост ја симулираат попреченоста на противникот. На пример, доколку едниот е во количка, другиот игра седејќи на столче. Овој вид вежбање ги подобрува когнитивните вештини и менталната сила и е многу корисен и забавен за лицата со интелектуална или физичка попреченост“, велат организаторите.

    Настанот, кој почнува во девет часот, е од отворен тип и не е потребна претходна најава за присуство. Од 11 до 12 часот ќе се одржи и минитурнир.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира