Лицата со попреченост со помош на општинското возило намементо на нивни потреби денес дојдоа на кратка екскурзија во античкиот локалитет Хераклеја во Битола. Некои од нив за првпат го посетија античкиот град. Теренското возило – минибус е набавено преку програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и проектот „Зајакнување на општинските совети“.
Денис Алилоски, вработен во Центарот за социјални работи во Битола, рече дека сега лицата со попреченост ќе немаат проблеми за превоз до Дневниот центар наменет за нив, што досега претставуваше тешкотија зашто патуваа со такси или друг превоз.
Градоначалничката Наташа Петровска рече дека остава аманет до идниот градоначалник ова превозно средство да остане во функција на лицата со потешкотии, а Општина Битола имајќи ја предвид финансиската стабилност, целосно да ги покрива трошоците за транспорт, сеедно дали станува збор за превоз до Дневниот центар, здравствена институција или за екскурзија.
Ж. ЗДРАВКОВСКА