„ЉУБОВТА ОПРАВДУВА МНОГУ НЕШТА, НО НЕ И ЗАГРОЗУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ“, ВЕЛИ КАМПАЊАТА НА ТЕТОВСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗА ДЕНОТ НА ЉУБОВТА И ВИНОТО

    „ЉУБОВТА ОПРАВДУВА МНОГУ НЕШТА, НО НЕ И ЗАГРОЗУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ“, ВЕЛИ КАМПАЊАТА НА ТЕТОВСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗА ДЕНОТ НА ЉУБОВТА И ВИНОТОВо кампањата „Честит празник на љубовта и виното“ тетовската полиција делеше образовни флаери. (Фото: СДК.МК)

    Тетовската полиција денеска, по повод 14 февруари што се слави како ден на лозарите Св. Трифун и ден на вљубените Св. Валентин, на возачите им делеше летоци и освежувачи за во автомобил на кои беа испишани пораките: „Ако пиеш не вози, ако возиш немој да пиеш!“, „За весели моменти, насмевки и доживувања вози одговорно!“, „За тие што те сакаат и за тие што ги сакаш, почитувај ги сообраќајните правила и прописи“, „Љубовта оправдува многу нешта, но не и загрозување на безбедноста во сообраќајот“.

    „Ова е дел од кампањата насловена ‘Честит празник на љубовта и виното’, која тетовската полиција во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност од Скопје ја спроведува на денот на вљубените Свети Валентин и на денот на лозарите и виното Свети Трифун. Целта е да се подигне сообраќајната свест и култура на возачите, и во највеселите празнични и други мигови да се воздржат од управување на нивните возила под дејство на алкохол и така да ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Ваква акција во текот на денот ќе се спроведе и во Гостивар“, велат од тетовската полиција.

    Според информациите од СВР Тетово, минатата година во Тетовскиот Регион биле затекнати 490 возачи во алкохолизирана состојба, а од почетокот на оваа година до денес 76 возачи.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира