МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ОД „ЗНАМ“ И НЕЗАВИСНИОТ ГОРАН СТОЈКОВСКИ-ДИРО ЌЕ ОДАТ ВО ВТОРИОТ КРУГ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА КУМАНОВО

    МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ОД „ЗНАМ“ И НЕЗАВИСНИОТ ГОРАН СТОЈКОВСКИ-ДИРО ЌЕ ОДАТ ВО ВТОРИОТ КРУГ ЗА  ГРАДОНАЧАЛНИК НА КУМАНОВОСпоред резултатите на ДИК Димитриевски освои 16.183 гласови, а Горан Стојковски Диро 5.946 гласови, од обработени 98.80 гласови. (Фото: Фејсбук)

    Кандидатот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски и независниот кандидат Горан Стојковски-Диро ќе одат во вториот круг за избор на градоначалник на Куманово.

    Според резултатите на Државната изборна комисија (ДИК), Димитриевски освои 16.183 гласови, а Горан Стојковски Диро 5.946 гласови, од обработени 98.80 гласови. Тој е во тесно водство пред Селвер Ајдини од ДУИ, кој има 5.905 гласа и Мартин Костовски од СДСМ со 5.793 гласа.

    Димитриевски синоќа објави дека освоил гласови како сите други шестмина кандидати.

    „Ако има втор круг, ЗНАМ дефинитивно ќе биде победник на претстојните локални избори, бидејќи повеќе од јасна е желбата на граѓаните, кои препознаваат континуитет и развој на овој град и сакаат Куманово да продолжи да се развива во тој дух“, изјави Димитриевски, кој синоќа со своите поддржувачи ја славеше победата прво во партиските простории, а потоа и на Градскиот плоштад во Куманово.

    Тој е во трка за трет мандат со поддршката на коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ, кој немаше свој кандидат за градоначалник во Куманово.

    Независниот кандитат Стојковски и граѓанската иницијатива „Ред за Куманово“ објавија дека кумановци пратиле јасна порака дека време е за промена и време е за ред.

    „Со вашата поддршка покажавте дека верувате во нова, одговорна и чесна локална власт. Продолжуваме со уште поголема енергија во вториот круг, решени да ја донесеме големата победа за Куманово на 2 ноември“, напиша Стојковски.

    И на советничката листа ЗНАМ доби најголема поддршка од граѓаните со 8.324 гласа, потоа следува ВМРО-ДПМНЕ со 7.477 гласови, ДУИ 5.780 гласови, коалицијата на СДСМ 4.629 гласа, коалиција ВЛЕН 4.023, ДПСМ 3.603 гласа, незавивисна листа Иван Петковски 3.324, Левица 1.981 гласови.

    Вториот круг на Локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира