Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Марко Колев прогласи победа по првиот круг за градоначалник на Општина Велес. Тој со неговите симпатизери и поддржувачи славеше во центарот на Велес.
„Од ова место прогласувам победа во првиот круг. Победија љубовта и желбата за напредок за просперитетен Велес, за Велес кој го сакаме, успеа. Нè навредуваа, нè омаловажуваа. Ми го деградираа образованието, ми ја деградираа работата. Ќе покажеме како се работи во Велес, како се работат проекти, како се враќа насмевката кај велешани. Упатувам апел за смирување на страстите во Велес, за Велес да оди напред, Велес мора да се развива, Велес да фати чекор со другите гадови, бидејќи Велес е срцето на Македонија“, рече Колев во обраќањето во центарот на градот.
Распоредот на членовите на Советот, според неофицијалните информации, е дека ВМРО-ДМНЕ има мнозинство со 12 членови, осум се од редовите на СДСМ и тројца од Левица.
П. ПЕЧКОВ