МАСАКР НА ДРВЈАТА ВО ШУМАТА КАЈ СМОЛЕВО ВО БИТОЛА

    МАСАКР НА ДРВЈАТА ВО ШУМАТА КАЈ СМОЛЕВО ВО БИТОЛАДрвокрадците преку ден ги сечат дрвјата, ги собираат на купче, а навечер ги пренесуваат. (Фото: СДК.МК)

    Десетици стебла на листопадни дрвја деновиве диво се исечени во рекреативната зона Смолево во Битола. Рекреативците коментираат дека е направен масакр и соголен дел од шумата.

    „Дрвокрадците преку ден ги сечат дрвјата, потоа ги собираат на купче на неколку места низ зоната и ги оставаат, зашто попладне доста битолчани тука рекреираат. Кога почнува да паѓа мрак, доаѓаат со кола на која е прикачена приколка, иако ова е земјен пат. Ги товарат дрвата и заминуваат“, раскажуваат битолчани.

    Еден редовен посетител на Смолево раскажува дека им рекол на двајца мажи, за кои претпоставува дека се татко и млад син, да не ја уништуваат шумата, а тие му одговориле: „Бегај, да не те фатиме со ластегарката“.

    Рекреативната зона Смолево се наоѓа на падините на Баба Планина, над Тумбе Кафе, и низ неа се протегаат пешачки патеки и велосипедски парк.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира